Македонија
16. December 2021 - 8:56

ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот Ковачевски е обичен курсаџија

Пропадна обидот на пропагандата на заевизмот да го прикаже пиунот Димитар Ковачевски како дипломец на Харвард. Вистината е дека пиунот Ковачевски е обичен курсаџија. Има скапо платен тридневен курс.

Впрочем ова е слика и прилика на лажната реалност која ја создава заевизмот. Манипулираат за биографии, лажат за економија, лажат за здравство, лажат за енергетика, манипулираат во земјоделството, мамат во образованието.

Заев е олицетворение на лагата, па нормално е дека ќе постави заменик сличен на себе. Заев беше потврда дека тој што лаже, тој и краде. Екипата од заевизмот е дел од истата матрица. Дозволија Македонија да потоне во криминал и корупција, а народот да осиромаши. Тие луѓе кога можеа да направат нешто за народот, тие безмилосно ја уништуваа државата.

Ете затоа на избори треба заевизмот да биде поразен, бидејќи тој и понатаму живее во СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ