Македонија
17. March 2020 - 8:37

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски вика нема криза зашто Филипче информираше дека нема новозаболени, Филипче по неколку часа соопштува 7 нови случаи

Во 18 часот претседателот Стево Пендаровски вика се е добро нема нови случаи не информираше министерот Венко Филипче. Во 21 часот излегува министерот Венко Филипче на прес конференција  и соопштува дека имаме 7 нови случаи на корона вирус. Вистинското прашање е каде плови овој брод?

Зошто власта толку задоцнето презема мерки кои ги предлагаме?

ВМРО-ДПМНЕ предупреди на жариштето кое може да се распламти и затоа дадовме сет на мерки. Се што требаше да направат е да ги применат.

Уште еднаш алармираме за сериозноста на состојбите. Грешки не смее да има. За граѓаните се работи.