Македонија
25. April 2019 - 14:17

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е 102,5% заштитник на владеење на заевизмот!

Почитувани, Стево Пендаровски е олицетворение на транзицијата, лице од службите заштитиник на криминогеноста, 102,5% заштитник на владеењето на заевизмот!

Стево Пендаровски гаси микрофони кога меѓу нарачани говорници ќе се спомене бандитизмот на власта, го видовме тоа видовме во Прилеп, само  и само да го заштити криминалот за кој што се обиде да зборува прелажаниот граѓанин! Нема ни К за кримининалот на власта! Тоа е демократот Пендаровски, тоа е заевизмот во него, тоа е 102,5% Заев! Не треба повеќе за да се докаже заштитата на криминалот, на кропуцијата, на непотизмот. Гласот на Стево е глас за подршка на криминалот од власта!

Стево Пендаровски е транзициски профитер од непотизмот спроведуван од СДСМ аминуван од Зоран Заев. Ниту збор нема за партизацијата од државата, на администрацијата. Кандидат за претседател збор нема за партизацијата, местените огласи кои сега се и докажани. Се знае и зошто. Стево Пендаровски профитира токму од непотизмот и партизацијата, Пендаровски се надева токму на контингенти гласовите од партизирана администрација. Поинаку не знае, поинаку не умее. Ни тој, ни Заев!