ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата, потребна е кривична одговорност
Зоран Заев и Павле Богоевски се криминалци, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-И за Заев и за Богоевски постојат тонски записи од вршење на криминал. И Заев и Богоевски се криминалци. Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор. Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата, како Зоран Заев. Тој иако целата јавност го виде како бара мито во висина од 200.000 евра се уште е на слобода затоа што судството е под негова контрола. Претходно Заев беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра. Заев пред целата македонска јавност во ек на кампањата за референдумот повика на поткуп за гласање, а разрешница за случајот нема, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека оставката на Богоевски е само бледо затскривање зад моралноста, а Заев кој е жив фатен во криминал се уште е на позицијата премиер, а постапките против него се прекинати.
-Наместо само оставка потребна е кривична одговорност. Вистинската казна треба да стигне преку правосудните органи и непречено одвивање на кривичната постапка. Местото на Богоевски не е во политиката исто како и на Заев, неговото место е во некоја казнено поправна установа, каде друштво ќе му прави Зоран Заев, кој исто така ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка