Македонија
18. September 2021 - 9:20

ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Хасани, Филипче и Заев е нужна за да има непристрасна истрага

И по десетина дена од несреќата, знаеме само дека Филипче и Заев не даваат оставка, додека истрагата нема одговор на ниту едно прашање.

Оставка на Хасани, Филипче и Заев е нужна за да има непристрасна истрага.

И додека Хасани, Филипче и Заев си ги чуваат фотелјите јавноста чека одговори:

1. Кој е виновен што сме земја со највисока смртност во Европа од КОВИД?

2.Кој е виновен што нема нови протоколи за лечење од КОВИД?

3.Кој е виновен што нема персонал во болниците, и роднини одат да се грижат за пациентите?

4.Кој е виновен што немаше вакцини и се уште не оди добро процесот на вакцинација?

5.Кој е виновен што народот нема доверба во системот и во вакцинирањето?

6.Кој е виновен што немало технички прием на модуларната во Тетово?

7.Кој е виновен што немало ПП апарати?

8.Кој е виновен што е направена со ПУР пена и никој не водел сметка дали истата е запалива?

9.Кој е виновен што не се дозна кој ги исекол цевките за довод на кислород во модуларната болница во Тетово на почетокот?

10.Кој е виновен што се плаќало по 1.000 денари од роднини на пациенти на сестри, доктори болничари да водат грижа за пациентите, и дали е тоа нормално?

11.Кој е виновен што дополнително надвор од тендерска постапка се поврзувале кислородните цевки?

12.Дали е нормално ова што се случува и ова што го правите?

Оставка од Хасани, Филипче и Заев и никогаш да не се повтори.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ