Македонија
1. February 2021 - 10:22

ВМРО-ДПМНЕ: Одбивањето за електронски попис е доказ дека власта подготвува фалсификат

СДСМ да се откаже од насилното туркање на фалсификат попис, и да го прифати единственото разумно решение, кое ќе значи кредибилен попис, со јасни и прецизни податоци. Електронскиот попис е процесот на иднината, процес кој гарантира кредибилен попис.

Само електронски попис, кој ќе се спроведе со мечирање на базите на податоци на повеќе институции може да даде јасна слика кој им е потребна на институциите, со цел креирање среднорочни и долгорочни политики. Електронскиот попис ќе се направи со мечирање на базите на податоци на МВР, ФЗО, ПИОМ, МТСП, УЈП, Централниот регистар, Царинската управа и други институции, кои заради своето работење водат евиденција на граѓани.

Електронски попис, ќе значи и заштеда на финансиски средства, но и поголема заштита на здравјето на граѓаните, во време на пандемија.

Власта да ја надмине својата суета, и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е единствено логично решение, доколку СДСМ сака решение и статистика, а не политички попис.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ