ВМРО-ДПМНЕ: Од Мој ДДВ најголема корист ќе имаат побогатите
Проектот Мој ДДВ е промашена мерка од која најголема корист ќе имаат Заев и оние кои се побогати.
Со оваа мерка сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари месечно или околу 1872 денари годишно, што е далеку од ветените 30.000 на Зоран Заев и СДСМ.
Со оваа мерка СДСМ и Заев ги понижува граѓаните.
Доколку СДСМ и Заев искрено се грижеа за фирмите немаше да ги рекетира фирмите ширум Македонија.
На СДСМ единствено им е важно да се полнат нивните лични сметки и им е важен единствено личниот интерес, а за маките и проблемите на граѓаните воопшто и не им е гајле.
Заев и СДСМ со секој изминат ден ја носат Македонија во бездна. Ниту една популистичка мерка на СДСМ нема да успее да ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, криминалии, рекетирања, поткупи, закани и уцени.
Граѓаните нема да дозволат еден Зоран Заев и СДСМ да ја до уништат Република Македонија, затоа на следните предвремени парламентарни избори Заев ќе си замине од власт, а Македонија конечно ќе тргне напред.
Ново на Сител
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица