ВМРО-ДПМНЕ обвинува за политичка злоупотреба на полицијата
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува насилничкото и брутално однесување на СДС и инститиуциите кои тие ги имаат под контрола. Очигледен е стравот и преплашеноста на СДС од народот и енергијата која е наочена против беззаконието кое тие го манифестираат.
Со ова се покажа дека СДС ја има киднапирано државата и ги урива сите вредности на демократијата.
На кандидат за градоначалник му беше вперен пиштол од полицаец затоа што е од друга политички опција спротивна на СДС.
Претходно граѓаните беа малтретирани и автобуси праќани на вонреден технички преглед, со што СДС манифестираше брутално беззаконие.
За ова СДС ќе одговара. Ќе дојде ден кога ќе излезат пред очите на правдата. СДС со нивните злоупотреби не може да ја спречи енергијата на народот насочена против нив. Одговорот од народот пристига на 15 октомври.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња