ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ ја задолжува државата
СДСМ се повеќе ја задолжува државата. Нето долгот на владата предводена од СДСМ само за 2018 година изнесува 540 милиони евра, за кои граѓаните не знаат каде завршија. Додека расте државниот долг, растат и трошоците за живот на граѓаните на Република Македонија.
Трошоците за живот во февруари оваа година се за 1,9% повисоки од трошоците во февруари минатата година. Животот во Република Македонија станува се поскап, а нема покачување на платите, пензиите и социјалната помош со што се намалува куповната моќ на граѓаните и се зголемува сиромаштијата во државата.
Катастрофалната економска политика на владата на Заев и СДСМ ја носи државата во економска бездна. Капитални инвестиции нема, а СДСМ се однесува расипнички со народните пари. Граѓаните станаа жртва на погрешните политики на оваа економски неспособна власт.
Додека државата тоне на економски план и условите за живот стануваат се полоши, власта ја дефокусира јавноста со политичка хајка на патриоти и неистомисленици на политиките на Заев и СДСМ.
Десетици граѓани меѓу кои пратеници, режисери, актери, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани од јавниот живот се соочуваат со монтирани обвиненија за тероризам, додека вистинските криминалци дивеат низ државата.
Владеењето на правото повеќе не постои во Република Македонија. Власта целосно ги зароби институциите и во своја служба ги има ставено правосудните органи преку кои врши политички прогон на секој кој не се согласува со политиките на СДСМ.
Обвинителството и судството се под страшен притисок и не работат врз база на аргументи туку по диктат на власта. Власта ги заплашува и онеспособува сите оние кои се спротивставуваат на газењето на демократијата, законите и Уставот од страна Заев и СДСМ
Институциите мора да се ослободат од стегите и притисокот на власта и да застанат во одбрана на законите и демократијата во Република Македонија. Правната држава мора да биде вратена, а патриотите и сите кои си ја сакаат државата да бидат ослободени од неоснованите и монтирани обвиненија, се вели во сооппштението испратено од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост