Македонија
7. October 2018 - 16:24

ВМРО - ДПМНЕ нуди нова избор на ново СЈО по изборите како можност за учество

Избори со Пржинска влада и нов јавен обвинител предложен од опозицијата или ново специјално обвинителство по изборите кое ќе треба да ја истражи работата на актуелната власт. Опозицискиот лидер денеска на прес конференција со нов предлог до власта. ОТфрлете го Договорот со Грција и ајде на избори

Во врска со информациите дека се водат преговори со одредени пратнеици на ВМРО-ДПМНЕ, опозицискиот лидер вели дека не верува дека било кој од пратениците ќе тргне спротивно од волјата на граѓаните

Сомнежот дека на одредени пратеници некој од Владата им нуди амнестија во замена за поддршка на уставните измени за Мицкоски е само доказ дека во Македонија ниту има правда ниту има право.

Токму поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој пред неколку дена доби затворска казна за случајот тенк, утрово преку социјалните мрежи им порача на своите сопартијци да не подлегнуваат на притисоци и да се водат само од интересите на граѓаните и државата

„Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала остапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - Демократска Партија за Македонско Национално Единство и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог.“ – напиша Груевски на социјалните мрежи.

Премиерот Заев си даде рок до 10 октомври за да ги убеди пратнеиците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат промените на Уставот за промена на уставното име и покрај тоа што на референдумот излегоа помалку од 37% од гласачите.