Македонија
24. January 2017 - 16:18

ВМРО-ДПМНЕ: Новите истраги на СЈО дефокусирање од одлуката за повлекување од „Пуч“

ВМРО- ДПМНЕ  смета дека денеска отворените истраги на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното и политичко постапување на СЈО. 

Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека отворањето на истрагите е уште едно дефокусирање на специјалната обвинителка Катица Јанева, од, како што истакна, срамната одлука за повлекување од предметот „Пуч“.

- Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во замена за улогата на политички инструмент на Зоран Заев, рече Ристовски.

Јанева, посочи Ристовски, наместо да одговори на прашањата за одлуката за повлекување од „Пуч“ само потврдила дека сите нејзини досегашни активности се насочени во заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ.

Ристовски потенцираше дека единствената причина поради која што Јанева ја донела одлуката за повлекување од предметот „Пуч“ е да ги заштити обвинетите за криминал, но и нарачателите.

- Единствената причина заради која што Катица Јанева се повлекува од предметот „Пуч“ е за да го покрие чадорот и неговите истурени играчи на терен, верувајќи во неговата бескрајна моќ да ја залв/паг/15:23