ВМРО-ДПМНЕ: Нов прес на Филипче и порака за граѓаните дека ќе почекаат за вакцини, за ова ќе одговара
Венко Филипче излезе на уште една прес конференција и секако само за да каже дека има одложување на процесот на вакцинација.
Вакцините според Филипче стигнуваа во јануари, февруари, март, ама денес го слушаме министерот вели почеток на април, прва недела на април.
Ова значи само едено граѓаните ќе почекаат за вакцини!
Неспособноста Филипче си ја докажува секој ден!
За директорот на струшката болница на чија пациентка и беа извадени три здрави органи, Филипче рече ќе биде разрешен.
Филипче треба да сфати, за ваква постапка директорот на струшката болница треба да одговара кривично!
И повторно за епидемиолошката слика, Филипче треба да сфати дека сите мерки се несоодветни.
Зошто? Затоа што да имаше соодветни мерки, да имаше медикаменти, да имаше доволно бочнички кревети бројката на починати немаше да биде 3364 лица.
Едноставно е, Филипче ќе одговара!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата