Македонија
11. August 2018 - 11:10

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно алиби соопштение на СДСМ нема да го покријат штетниот договор со Грција

Ниту едно алиби соопштение на СДСМ нема да го покријат или оправдаат капитулантското дело на Зоран Заев изразено преку штетниот договор со Грција.

ВМРО-ДПМНЕ единствено одговара пред граѓаните на Република Македонија и се води согласно нивните интереси.

СДСМ и Зоран Заев треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде изговор за втурнувањето на државата во ќорсокакот во кој сега се наоѓаме како земја и за економската и општествена катастрофа во која се наоѓаме. Совршено јасно е дека Зоран Заев не може да донесе европска иднина на државата, затоа што европска иднина нема со криминал корупција наместени тендери, политички процеси.

Нема иднина со корупција констатирана од ЕУ и мултиплицирана сиромаштија. Единствено што направи оваа  клептоманска владејачка структура е осиромашување на државата и народот, и поигрување со достоинството и честа на граѓаните.

СДСМ да не го одвлекува вниманието од вистинските афери за кој единствената одговорност има токму Зоран Заев и неговата влада.