Македонија
3. February 2017 - 9:35

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека СОРОС се бори за отворено општество

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека се поголем е отпорот против приврзаниците на СОРОС во Македонија и во светот и оти никој повеќе не верува дека се борат за отворено општество.    

- СДСМ/Сорос во нивното дивеење низ улиците на Скопје повредија десетици полициски службеници, палеа, кршеа и предизвикаа штети тешки стотици илјади евра. Сега се спушта маглата. Се гледаат нивните ниски мотиви за насилствата и дивеењето. Стануваат вест и во САД. Почнуваат да ги нарекуваат бандите на Сорос, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се посочува дека народот на 11 декември направил избор и оти избрал мир, а не СОРОС.