Македонија
20. September 2021 - 10:04

ВМРО-ДПМНЕ: Незадоволството меѓу земјоделците од власта е се поочигледно

СДСМ земјоделците ги доведе до питачки стап. 

Незадоволството меѓу земјоделците од власта е се поочигледно. А, незадоволството не може да се покрие со ниту една лага напишана во соопштенијата на СДСМ. 

Земјоделците најдобро на сопствена кожа ги чувствуваат погубните политики на СДСМ и затоа веќе не им веруваат. 

СДСМ многу добро знае дека субвенциите за земјоделците ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Четири години откако СДСМ е на власт и секоја година се соочуваат со протест на тутунарите, лозарите, оризарите, сточарите. 

Земјоделците очекуваат реална помош која за жал од СДСМ ја нема. 

Доста е со поделби и разочарувања, доста е од незадоволство и револт. 

Време е за Македонија за сите луѓе!

Центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ