ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста основни одлики на културните работници на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека варваризмот и неспособноста стануваат основни одлики на т.н. културни работници на СДС.
- Наместо да унапредуваат - уназадуваат. Наместо да создаваат - рушат. Наместо да го ценат квалитетот - спроведуваат партиски чистки. Бркаат од работа успешни професионалци и вработуваат „од чистачка до директор“ луѓе со членска на СДС како втора лична карта. Таков е и новиот совет за култура на министерот Роберт Алаѓозовски во кој членуваат познати деструктивци од СДС, сеачи на омраза и поделби, луѓе кои активно работат на уништување на историјата и културното наследство на Македонија, изјави денеска Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за култура.
Советот за лечење фрустрации на Роберт Алаѓозовски, како што рече, е сочинет од луѓе како Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев и Владе Милчин, а повеќето од нив јавно говореле дека ќе го рушат проектот Скопје 2014, ќе рушат споменици, ќе ги минираат, ќе ги топат и од нив ќе прават суровина за металуршката индустрија.
- Без оглед на познатиот однос на СДС кон историјата и хероите на македонската држава, без оглед на вашиот бес и гнев, тој став не е став на мнозинството граѓани во Република Македонија и треба да бидете многу внимателни во чувството на семоќност кое може да повлече ваши непромислени постапки. Започнавте со јадење живи луѓе и политички прогон кој ќе заврши на суд на штета на Република Македонија - и за тоа сталинистот Алаѓозовски ќе одговара, потенцира Милошевски.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари