ВМРО-ДПМНЕ: Неприфатливо е виткањето кичма со државни и национални интереси
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение порача дека е неприфатливо виткањето кичма со државните и национални интереси. Побара од СДСМ да ја претстави платформата на албанските партии и да овозможи народот да гласа за неа.
- Соберете храброст и соочете се со македонскиот народ. Извадете ја платформата и срамниот договор на виделина. Нека гласа народот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Платформата, посочува ВМРО-ДПМНЕ, беше наметната по изборите и граѓаните имаат право да се изјаснат. - Доколку СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните, го повикуваме јавно да се откаже од платформата и од реализација на нејзините елементи по што ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, иако лагите на Зоран Заев беа поразени на изборите, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто би се отворал дијалог за химната, за знамето и за грбот и зошто воопшто би се разговарало за било што од чувствителните точки кои задираат во идентитетските прашања, доколку СДСМ и Заев немаат ветено дека ќе ги менуваат под уцена.
- Затоа Заев се крие и остава ДУИ да ги информира граѓаните дека СДСМ го продал идентитетот само за да се дограби до власт. Затоа ДУИ ја информира јавноста дека и банкнотите ќе бидат двојазични, а ќе се менуваат и униформите на војската и полицијата. Затоа ДУИ ја информира јавност дека Македонија ќе се осуди сама себе за геноцид врз Албанците. Сето ова ќе биде сторено само Зоран Заев да дојде на власт, истакнува ВМРО-ДПМНЕ и оценува дека „Заев и криминогеното раководство на СДСМ се уценети“ и оти „нивната ниска точка на топење е проблем за целата држава“.
ВМРО-ДПМНЕ соопштува и дека „Заев и раководство на СДСМ треба да се свестат и да увидат каква штета предизвикуваат врз државните и националните интереси“
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари