Македонија
9. March 2017 - 11:35

ВМРО-ДПМНЕ: Неприфатливо е виткањето кичма со државни и национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение порача дека е неприфатливо виткањето кичма со државните и национални интереси. Побара  од СДСМ да ја претстави платформата на албанските партии и да овозможи народот да гласа за неа.

- Соберете храброст и соочете се со македонскиот народ. Извадете ја платформата и срамниот договор на виделина. Нека гласа народот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Платформата, посочува ВМРО-ДПМНЕ, беше наметната по изборите и граѓаните имаат право да се изјаснат. - Доколку СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните, го повикуваме јавно да се откаже од платформата и од реализација на нејзините елементи по што ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, иако лагите на Зоран Заев беа поразени на изборите, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто би се отворал дијалог за химната, за знамето и за грбот и зошто  воопшто би се разговарало за било што од чувствителните точки кои задираат во идентитетските прашања, доколку СДСМ и Заев немаат ветено дека ќе ги менуваат под уцена.

- Затоа Заев се крие и остава ДУИ да ги информира граѓаните дека СДСМ го продал идентитетот само за да се дограби до власт. Затоа ДУИ ја информира јавноста дека и банкнотите ќе бидат двојазични, а ќе се менуваат и униформите на војската и полицијата. Затоа ДУИ ја информира јавност дека Македонија ќе се осуди сама себе за геноцид врз Албанците. Сето ова ќе биде сторено само Зоран Заев да дојде на власт, истакнува ВМРО-ДПМНЕ и оценува дека „Заев и криминогеното раководство на СДСМ се уценети“ и оти „нивната ниска точка на топење е проблем за целата држава“. 

ВМРО-ДПМНЕ соопштува и дека  „Заев и раководство на СДСМ треба да се свестат и да увидат каква штета предизвикуваат врз државните и националните интереси“