ВМРО-ДПМНЕ: Немаме поврзаност со договорот за ископ во РЕК Битола
Ниту Сашо Мијалков, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат каква било поврзаност со договорот на РЕК Битола или со фирмата која што го добила тендерот за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола, порачува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на де3нешната прес-конференциаја на Васко Ковачевски од СДСМ.
- Не е прв пат на СДС да излегува со лаги и клевети за ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Мијалков. Бараме Васко Ковачевски веднаш да се извини за изнесените лаги и клевети за ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Мијалков. Укажуваме дека медиумите кои ги објавуваат лажните информации од Ковачевски се должни да го пренесат овој демант. Во спротивно ќе следат соодветни тужби, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Васко Ковачевск, се додава, и денеска ја доби улогата да се бламира себеси со пласирање на клевети само за да ги прикрие криминалите на Зоран Заев, злосторничкото здружение околу него и наркомафијата која му помага на СДС.
- Васко Ковачевски денес покажа дека сите лажни вести во медиумите под контрола на СДС/Сорос се вести креирани на Бихаќка, се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Со пласирање на ваквите лаги, се додава, Ковачевски нема да му помогне на Зоран Заев да го протурка на мала врата распродавањето на највисоките државни и национални интереси.
Ново на Сител
-
Договор меѓу Македонија и Грција за заштита на разменетите класифицирани информации
-
Во Србија почна пописот на македонските државјани
-
Европската Комисија ќе предложи “дигитален пасош“ за Ковид-19
-
Изготвен безбедносен план за Мијалков во затворот во Скопје
-
Маричиќ: За бегството на Мијалков знаевме два дена пред тоа да се случи
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Доколку имало пропусти, одговорност за случајот со Мијалков ќе има, порача Заев
-
Маричиќ: Најверојатно бев првиот член на Владата кој дозна дека е можно бегство на Мијалков