ВМРО-ДПМНЕ: Нема вакцини затоа што нема провизии
По повеќе од една година корона во Македонија сликата иста како и на почетокот, ако не и полоша, затоа што за оваа година можеше многу да се направи, ама не се направи ништо.
Трет бран и Филипче и Заев не направија ништо за да го организираат здравствениот систем, ама се грижеа за провизиите.
Прв бран без лична заштитна опрема, без тестови, без соодветни лекови, втор без болнички кревети, без тестови, трет бран пак нема болнички кревети, нема доволно тестови....
Иако е трет бран и во другите држави вакцинацијата стартуваше крајот на декември или почетокот на јануари, во Македонија нема вакцини, има само незначителни донирани дози.
Нема вакцини затоа што нема провизии.
Во Македонија нема вакцини, нема лица кои стекнуваат имунитет затоа што примиле вакцина.
Ама бројката на починати се движи кон 3.500, бројката на заразени е повторно четирицифрена и за сето ова виновни се Филипче и Заев.
Одговорност за загрозување на јавното здравје мора да има!
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари