Македонија
16. November 2018 - 10:55

ВМРО-ДПМНЕ: Нема резултати за намалување на загадувањето, да се понесе одговорност

Зоран Заев и Петре Шилегов не преземат ништо додека граѓаните се трујат од загаден воздух. СДСМ две години ги замајува граѓаните. Од опозиција ветуваа итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, од позиција на власт немаат преземено ништо.

Скопјани и оваа зима ќе дишаат нечист воздух, а тоа се гледа и по намалувањето на 2 милиони евра, средства од Буџетот од ставката за животна средина.

Скопје последните десетина дена е на врвот на листата на најзагадени градови во Европа. Мерните станици во овој период од годината во Скопје покажуваат дека нивото на канцерогени ПМ10 честички е два до три пати поголема од дозволеното, што е исклучително опасно за малите деца, бремените жени, возрасните над 65 години и лицата со хронични заболувања.

Енормната загаденост е проблем кој Шилегов вети дека итно ќе биде решен. Сега една година со прст не мрднува, а наместо да предлага решенија и работи на подобрување на квалитетот на воздухот тој организира стенд ап настапи за исмејување на  својата неработа.

Квази маршовите низ Скопје со маски нема да ја изманипулираат јавноста и оваа година. СДСМ имаше повеќе од доволно време да почне да го подобрува квалитетот на воздухот, но тоа не го направи. Повеќе ниту едно бледо соопштение, изјава или прес конференција, наводен марш, или каков било обид за глума нема да помине. Скопјани чекаат резултати од Заев и Шилегов, а резултати нема и за тоа тие треба да понесат одговорност.

Скопјани не сакаат да слушаат повеќе манипулации. Заев и Шилегов мора да си заминат. Неработата, неодговорноста и неспособноста на функционерите на власта не смеат да бидат причина за пропаст на државата и патење на граѓаните стои во сопопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ