ВМРО-ДПМНЕ: Нема ниту една рационална причина за продолжување на мандатот на СЈО
Специјалното јавно обвинителство со откажувањето од случајот „Пуч“, со пуштањето од притвор на Верушевски и со сегашниот атак кон медиумите потврди дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
- Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тие ја имаат улогата на цензор за да расчистат со медиумите кои не му се под контрола и кои самиот Заев ги прогласи за непријатели, се додава во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ, како што е посочено во соопштението, гласаше за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши работата.
- ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболицирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови на СДСМ и ќе ангажира функционери и поданици на аболицираниот криминалец Заев како експерти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра