Македонија
26. April 2018 - 12:22

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во неформалната средба со министрите за поставување прашања

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на неформалната можност за поставување прашања до министрите и премиерот, кое било најавено за денеска за време на паузата на пленарната седница за поставување прашања. Ваков тип поставување прашања до министрите најави пратениничката група на СДСМ по објавувањето на Извештајот за напредокот на ЕК.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на почетокот на седницата за пратенички прашања кажа дека тие своите прашања на премиерот и министрите ќе им ги поставуваат на јавно на пленарката, а не како што кажа на „коктели“.

- Време е да завршите со забавите, кажа Данев додавајќи дека во изминатите десет дена во Македонија имало секаков вид забави посочувајќи на чочеците во тунелот за време на отворањето на автопатот Демир Капија - Смоквица, за прославата за влегување, како што рече во ЕУ и НАТО, а денеска на коктел министрите ќе одговараат на прашања на пратениците. Според него,  ова се прави за граѓаните да заборават на изборните ветувања на власта, на најавите за зголемување на платите и друго.

Седницата за пратенички прашања почна со звуците на народната музика односно чочеци, која ја пуштаа опозиционерите од своите мобилни телефони.

Фадил Зендели од Беса кажа дека иако пред три месеци барал одговор за радиостаницата во Гостивар, него се уште го нема. По ова Илија Димовски, кој обвини дека претседателот на Собранието Талат Џафери се обидува да и се додворува на Владата и од Парламентот да направи нотарско одделение, побара список на сите писмено одговорени прашања од членови на Владата и да констатира кои членови на Владата се присутни на седницата.

Претседателот на Парламентот Џафери праша според кој член од Деловникот треба да направи список на одговорени прашања, но и дека тој не се плаши од ништо што добро знаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. 

Седницата продолжи со поставување на прашања на пратениците од опозицијата.