ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат во трката за градоначалник на Дебар
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат за градоначалник на Дебар на предвремените избори во оваа општина, што ќе се одржат на 21 април заедно со претседателските.
Ова за МИА го изјави Афет Авмедоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Дебар.
-Нема да имаме наш кандидат во трката за градоначалник на Дебар. Засега немаме став дали ќе поддржиме некој од кандидатите, рече Авмедоски.
Претседателот на дебарската организација на СДСМ, Азем Фејзоски, ни изјави дека немаат конечен став за тоа дали ќе имаат свој кандидат за градоначалник и оти сè ќе се знае до вечерва на полноќ.
До сега официјални се кандидатурите на д-р Хекуран Дука од ДУИ, кој е актуелен вршител на должноста градоначалник, и на д-р Арбен Аголи од Алијансата за Албанците, кому поддршка му даде и Движењето „Беса“.
Избори за градоначалник во Дебар се организираат поради смртта на претходниот, Ружди Љата, кој по кусо и тешко боледување почина на крајот на ноември минатата годна.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци