Македонија
22. September 2020 - 15:29

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за избор на новите заменици министри

Најголемата опозициска партија на денешната седница нема да гласа за предложените имиња за заменици министри. Од партијата сметаат дека најмалку четири предлози од листата се спорни, обвинувајќи дека целиот избор на новата влада всушност се темели на лажни ветувања. Најголема реакција од ВМРО-ДПМНЕ имаат за предлогот за заменик министер за одбрана Башким Хасани.

Никола Мицевски од собраниската говорница праша дали овој професор по физичко е компетентен за функцијата и дали со ова е награден поради неговата послушност во финансовата полиција. ВМРО ДПМНЕ имаат замерки и за предлозите Агим Нухиу во правда, Зоран Јаневски во економија и Зоран Димитровски кој треба да биде заменик министер во локална самоуправа.

Премиерот Заев, пак, како предлагач, рече дека очекува совесна и одговорна работа од новите кадри, потенцирајќи дека станува збор за луѓе докажани во своите професии.

Расправата е во тек и се очекува да продолжи попладнево.

 

Горан Симоновски