Македонија
18. December 2019 - 9:17

ВМРО-ДПМНЕ: Негрижата за здравјето на луѓето евидентна, власта се грижи само за бизнис интереси

Зоран Заев го загрозува здравјето на граѓаните. Зоран Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики.

Само во февруари годинава во земјава е согорен 40.000 тони кокс. Додека граѓаните се трујат некој заработил 12.000.000 евра.

Зоран Заев и шефот на Царинска управа мора да одговорат кои фирми и кој им дал дозвола да го внесуваат и горат отровниот отпад од цел свет.

Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Куманово и Кавадарци тонат во отровен смог, а власта вели дека воздухот е чист.

Болниците се полнат. Загаденоста во урбаните средини во раните утринси часови кога нема фреквенција на возила е и до 15 пати над дозволеното.

Отровните ПМ10 честички ги трујат граѓаните. А власта не само што не прави ништо туку и го скори најмалиот буџет за екологија до сега.

Негрижата за здравјето на луѓето е евидентна. Власта се грижи само за бизнис интересот на олигарсите на власта.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ