Македонија
4. October 2018 - 23:12

ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот - го смета за груб фалсификат и ќе поднесе 200 кривични пријави

ВМРО-ДПМНЕ не води битка за власт, туку битка за Македонија. Партискиот потпретседател по завршување на седницата на партискиот централен комитет порача дека опозицијата останува на своите услови, пржинска влада 100 дена пред избори, нов јавен обвинител и анкетна комисија за референдумот

Дека изборите стануваат се поизвесни, говори и информацијата дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги задолжи општинските комитети да формираат општински изборни штабови кои ќе функционираат се до претседателските избори. Николовски вели дека до сега, никој не ги контактирал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во врска со устаните измени и уште еднаш повтори дека ставот на пратеничката група е јасен и дека по неуспехот на реферндумот, власта не треба да се надева на поддршката на опозцијата за промена на Уставот.

Од ВМРО-ДПМНЕ повторија дека не ги признаваат референдумските резултати, а гласањето во недела го оценија како тежок фалисфикат за што готват серија кривични пријави

Денеска и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за објавување на оглас за избор на членови во комисијата за спречување на корупцијата, која е едно од кч=лучните тела во спроведувањето на изборниот процес.