ВМРО-ДПМНЕ: Наместо со право, Русковска се бавеше со политика
Вчера македонскиот народ маршираше за право и правда. Mаршираше против неправдата и против се што Вилма Русковска направи изминатите 3 години.
Изминатите три години Русковска работеше исклучиво по насоките на Зоран Заев. Невини луѓе сместуваше во затвор само заради тоа што први го кренаа гласот против неправдата која ја донесе нејзиниот шеф. Наместо да покрене обвиненија против главата на октоподот, таа служеше да го амнестира криминалот на Зоран Заев и неговата рекетарска банда.
Наместо со право, Русковска се бавеше со политика. Впрочем и самата се пофали дека присуствувала на протести организирани од СДСМ во рекетарската 1 ТВ. Во судница сега прави се само да не се открие кој е главата на октоподот. Нејзина единствена мисија во случајот „Рекет“ е имињата на Зоран и Вице Заев да не се слушнат во судница, да не бидат повикани на распит и да не завршат зад решетки каде впрочем и одамна припаѓаат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи