Македонија
24. August 2021 - 9:37

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо лек против корона, народот доби кампања вредна 300.000 евра пред избори

300 илјади евра чини кампањата на Заев и Филипче протов корона. Наместо лек против корона, народот доби реклами. 

Зоран Заев и Венко Филипче со кампањата за вакцинација доцнат повеќе од девет месеци, доцнеа и со вакцини, а досега воведоа само фашистички мерки.

Освен за фашистички мерки, Заев и Филипче се махери за провизии, собирање пари.

Сега преку кампањата за подигање на јавна свест за вакцинација против корона која чини 300 илјади евра одат во спроведување на својот следен коруптивно-криминален план.

Поточно тоа тие го нарекуваат како „јавна набавка за услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за успешна вакцинација и заштита на населението од КОВИД 19“.

Но, ова е авансирање на средства за нивната политичка кампања за локалните избори.

Или со оваа кампања на државата за поттикнување на граѓаните да се вакцинираат, всушност се авансираат средства за нивната политичка кампања за локалните избори.

Меѓународниот фактор мора да знае за ваквиот обид на изборна корупција.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ