ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува обидот за убиство на Никола Тодоров
ВМРО-ДПМНЕ во денешното пишано соопштение најостро го осудува обидот за убиство на Никола Тодоров.
- ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад предупредуваше на последиците од насилството што го промовираа СДС и нивните невладини, соросови сателити. Сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика која следи како нуспродукт од насилничкото враќање на животот, се наведува во соопштението.
На првиот ден од доаѓањето на власт, како што посочуваат од партијата, сведоци сме на подмолен и вооружен напад врз Тодоров, кој благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот.
- СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт. Долго време го напаѓаа и навредуваа Тодоров нарекувајќи го „Министер смрт“. Таканаречената „Шарена револуција“ и СДС долго време ширеа хистерија и повикуваа на насилство. Одговорност мора да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
МВР, како што посочуваат, се уште молчи и за поставените бомби во семејната куќа на пратеникот Антонио Милошоски.
- Срамното, насилничко и деструктивно однесување на СДС мора да запре. Одговорноста не е само кај вооружениот насилник или кај оние кои ја подметнаа бомбата. Одговорност имаат и оние кои подолг период наназад ги поттикнуваа на вакви кукавички чинови, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж