Бизнис
9. February 2020 - 16:32

ВМРО-ДПМНЕ најавува 500 милиони евра годишно во капитални инвестиции

2 милијарди евра за капитални проекти  за период од  четири години. ВМРО - ДПМНЕ во својата предизборна програма планира за изградба на автопати пруги, гасоводи, градинки училишта  годишно да издвојува по 500 милиони евра, а граѓаните да добијат целосна обнова на земјава.  

Враќање на бизнсиот на здрави нозе  ветуваат од партијата.  Најавија ослободување на малите фирми со помали  приходи  од секакви давачки за да се растеретат и да можат да го шират бизнисот. Поголема подршка за извозно орјентираните фирми ,  укинување и намалување на парафискалните давачки и поголеми бенефиции за странските инвеститори кој сакаат да работат  во земјава. Враќање на рамниот данок и тоа до 2022 тој да биде 8 проценти.

Најавуваат поголема  подршка за сите млади кои ќе сакаат да отворат свој бизнси и 0 проценти персонален данок за сите до 29 години.  Ветуваат повисока просечна плата за 25 отсто и зголемени  пензии за 20 проценти.  Се се залагаат невработенста да падне по 10 отсто, за раст на економијата  од  минумим 4 проценти  годишно, и за намалување на буџетскиот дефици на 3 проценти.