Бизнис
22. јуни 2018 - 19:43

ВМРО-ДПМНЕ: Најавите за даночните реформи ќе ја зголемат миграцијата, фирмите ќе го селат капиталот

Миграцијата ќе се зголеми, компаниите ќе го селат капиталот. Опозициската ВМРО ДПМНЕ реагира на најавите за даночните реформи.

„Во недостаток на идеи како да ја развиваат македонската економија најновите најави се дека износот на персоналниот данок значително ќе се зголеми и наместо досегашниот рамен данок ќе се воведат даночни стапки од 10,15 и 18%. Тоа значи дополнително оптоварување на приватниот сектор што ќе влијание на зголемување на невработеноста, полнење на администрацијата со СДСМ партиски кадри кој што како привилегирана каста ќе живеат на грбот на народот“, пишува во соопштенето на  опозицијата.

ВМРО ДПМНЕ реагира отккако во јавноста излегоа детали од нацрт текстот на законот со кој ќе се менуваат даноците. Според објавеното прагот за даночење со 18% ќе биде 1000 евра, на 15% ќе се зголеми данокот за капитална добивка, игри на среќа, инустриска сопственост, закуп. Ќе се даночат и каматите на депозитити кои на годишно ниво надминуваат 15000 денари.

Премиерот Заев вели дека ова се шпекулации. Дебатата за даночната рефорома не е почната затоа што сега во фокусот е проблемот со името. Од дебатата кога ќе се случи ќе произлеат решенија за даночните реформи.

Законите кои с е однесуваат на даноците треба да се донесат до крајот на годината затоа што од јануари 2019 во Македонија ќе се плаќа прогресивен данок.