Македонија
17. May 2022 - 16:34

ВМРО-ДПМНЕ најави голем протест на 18-ти јуни, СДСМ вели дека тоа покажува дека опозицијата има внатрешен проблем

Предвремемни избори нема да има, протестот на 18 јуни само ги открива внатрепартиските проблеми во ВМРО-ДПМНЕ, а пратениците на опозицијата да почнат со работа во парламентот по неуспешната блокада. Ова е реакцијата на владејачката СДСМ откако синоќа Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да органзиира протест за отпор против власта, како втор чекор по активниот бојкот во Собранието за предвремени избори.

-Тоа што на Мицкоски му треба цел месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми што тој ги има за да ја задржи фотелјата во Белиот дворец. Сега, откако неуспешните блокади проападнаа, редно е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги закажат седниците на Комисиите на кои кочат важни закони за граѓаните...Нема да дозволиме неодговорни политичари за спас на својата фотелја да ја закочат државата. Парламентарни избори ќе се одржат во редовден термин во 2024 година а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на тие избори повторно ќе добијат пораз и дебакл“, реагираа од СДСМ.

Од СДСМ обвинуваат за блокада на субвенции за 17 илјади тутунари,  за 25 милиони евра  фотонапонски централи и на 30 законски решенија за намалување на глобите согласно законот за прекршоци.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, и денеска со повик за што поголем отпор против власта на протсесто на 18 јуни бидејки молчењето на е опција.

-ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на ИК на партијата заклучи дека власта имала доволно долг период да покаже резултати, но не само што не покажаа, туку и не внесе во голема сиромаштија, инфлацијата е двоцифрена, платите ниту еднаш не пораснаа, криминалот и корупцијата станаа начин на работа....Повеќе од јасно е зошто СДСМ и ДУИ мора да си заминат. Подаваме рака и испраќаме порака за обединување на обесправените, сиромашните, стопанствениците, просветните работници, докторите, професорите, земјоделците, напатениот народ на Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат власта за справување со пандемијата, дека касно набавила струја, за зголемен јавниот долг на 7,2 милјарди евра и што нема одговорност за несреќите во Ласкарци, модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ пред една недела почна активен бојкот на парламентот откако премиерот Ковачевски не го прифати барањето на Мицкоски за лидерска средба на која ќе се договорат предвремемни избори. Во активен бојкот е и БЕСА, иако лидерот Касами смета дека не треба да се инсистира на предвремени избори уште сега. Села, пак, најави дека ќе ја чекаа одлуката на Брисел за преговори на  22 јуни за да одлучи дали ќе бара избори во окттомври.