Македонија
14. April 2021 - 14:50

ВМРО-ДПМНЕ: Најавените вакцини не се пристигнати

Снемува вакцини, а најавените од Филипче и Заев никако да стигнат. Се трошат и последните донирани вакцини, кои ги доби нашата држава, а со тоа се заканува опасност процесот на вакцинација да запре.

Заев и Филипче најавуваа милионски количини на вакцино, а до сега стигнаа само 3000, се друго е донација.

Што планира Филипче и како ќе се спроведува вакцинацијата. Државата не може да биде зависна само од донации.

Неспособноста да се набават вакцини е причина и за големиот број на заразени и умрени.

Имаме над 1700 починати од јануари до сега и тие сите пдат на совеста на Заев и Филипче кои не набавија вакцини.

Полицискиот час е исто така резултат на неспособноста да се набават вакцини. Македонија страда заради неспособноста на Заев и Филипче.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ