ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик создава простор за изигрување на волјата на граѓаните
Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните. Со тоа, СДСМ сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, ваквите измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата. Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните.
Флагрантната злоупотреба на европското знаме на закони кои не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата. Лажното подметнување на ставот на Венецијанската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура, што во целост не соодветствува со европските вредности.
ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес.
Криминалите на Зоран Заев и картелот на власт не може и не смее да се покриваат со продавање на највисоките национални интереси и напад врз демократијата во Република Македонија, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица