Македонија
25. April 2017 - 16:51

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев му е побитна тиранската платформа од излезот од кризата

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека доколку на Заев не му била поважна тиранската платформа на Зоран Заев, локалните избори заедно со новите парламентарни, ќе се одржеле на 7 или најдоцна до 14 мај и оти на таков начин граѓаните директно ќе кажеле што мислат за редефинирањето на државата и платформата, а Македонија ќе излезела од кризата.

- На Заев и СДС никогаш не му биле важни земјоделците, па ни сега. Заев и криминогеното раководство на СДС ја одбраа тиранската платформа како надеж дека ќе формираат влада и ќе се спасат од кривична одговорност, наместо да се одлучат за почитување на волјата на народот и деблокирање на државата со одржување на нови избори, истакна на денешната прес-конференција Зоран Илиоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, земјоделците знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нив и подобрување на нивниот стандард и оти за разлика од СДСМ, кој за време на нивното владеење не идвоил ниту евро аа субвенции, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра.

- Земјоделците знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се за да ја надмине деструктивноста на СДС и да се валоризира соодветно нивниот труд, односно да ги добијат заслужените субвенции. Пари во буџетот за субвенции има. Истите се програмирани и треба да бидат исплатени во законски предвидениот рок, рече тој.

Потенцира дека СДСМ и Заев се обидуваат на мала врата да ја протуркаат тиранската платформа и оти заради тоа, како што рече, со недели ја релативизираат.

- Народот јасно ја виде намерата на СДС да се добере до власт по секоја цена, по цена на распродажба на државните и националните интереси, по цена на коалиција со ликови кои не признаваат знаме, химна и име на државата, по цена да ги премолчуваат негаторските изјави упатени кон сопствениот народ. Сега кога народот ја виде намерата на аболицираниот криминалец Зоран Заев, овој се обидува на секој начин да избега од соочување. Заев одбива упорно било какво решение кое води кон излез од кризата, се обидува да ја блокира државата и бега од избори, потенцира Илиоски.

Партијата смета дека Заев кризата ја направил за соспствен спас, оти сака да ја искористи за да ги турка државата и народот  во дополнително неизвесен период, но како што рече, Илиоски, нема да може да избега од соочување со народот, ниту од одговорноста за криминалите.