Македонија
28. May 2023 - 12:52

ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓани во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“

И овој викенд продолжува теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“. Тимовите на ВМРО-ДПМНЕ посетуваат места во кои се разговара со граѓаните за нивните проблеми, но и можни решенија за истите откако ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја преземе власта, бидејќи оваа власт на СДС и ДУИ целосно ги заборави граѓаните.

Граѓаните бараат избори со цел да се смени оваа ненародна власт која само донесе енормна сиромаштија, иселување на младите, корупција и криминал.

Потпретседарелката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска од тетовско посочи дека нема ден да не помине, а да нема некое ново разочарување кое што владата го приредува на граѓаните.

Таа истакна дека во собранието се изгласани закони кои се штетни за граѓаните, потенцирајќи дека додека зборуваат дека се социјалдемократска влада гласаат измени на закон за работни односи и зголемување на работните часови од 40 на 60 во текот на работната недела.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски од Чучер Сандево рече дека власта постојано зборува за ЕУ реформи, но може да видиме еден куп штетни договори и еден куп лаги и нетранспарентни процеси.

Мисајловски се осврна и на договорот со Бехтел и Енка, и потенцираше дека жали што владејачкото мнозинство не увиде дека станаа антиевропски пратеници бидејќи и самата европска делегација во Скопје се изјаснила дека овие закони не смеат да се носат со европско знаменце.

Заедно да си ја споделиме маката која сите ја носиме посебно во делот на распродавањето на националните интереси на оваа наша заедничка држава. Но и да се запознаеме со проблемите кои што ги имаат посебно во овој дел на плодна Пелагонија во делот на субвенциите кои ги имаат, или споредбата како било, како е денес, изјави градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски на средба со граѓаните во акцијата Ова е Македонија за сите во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Коњановски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има кадар и потенцијал да ја подобри ситуацијата во руинираното здравство и иселувањето на младите од државата.

Зоран Љутков, член на ИК од Орешани истакна дека и покрај тие опструкции од централната власт, во општина Зелениково видлива е работата на градоначалникот Коста Маневски, а доказ за тоа е и задоволството кај граѓаните. 

Се гледа дека централната власт многу повеќе инвестира во општините каде што се градоначалници од СДС, отколку во  општините каде градоначалници има ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните имаат многу проблеми кои не може да се решат како последица на владата, изјави Зоран Љутков.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски од општина Василево истакна дека парите Ковачевски и Груби ќе ги делат со други, а државниот буџет не се употребува за реалните проблеми на пензионерите, на студентите, на граѓаните, на помалите општини да им се помогне каде има реални потреби.

- Затоа сметаме дека е време не само за лидерска средба, туку и за лидерски став на сите политички актери, да одиме на избори, граѓаните да одберат луѓе кои ќе можат Македонија да ја однесат во подобра насока, да ги решаваат проблемите  кои што ги создаваат Артан Груби и Димитар Ковачевски, изјави Милошоски.

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки од општина Пехчево рече дека граѓаните се гневни затоа што СДС она што им го има ветено ништо им нема испорачано.

„Во историјата Македонија трпела неправди, делење, грабежи меѓутоа никогаш не била понижена како што тоа е денеска, односно од внатре. Власта и должи објаснување на македонската јавност, дали онаа експертска група т.н составена од 20-тина џабе лебојадачи преговараат односно договараат редефинирање на државата“, кажа Ковачки.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов заедно со неговиот тим денеска беше во Крушево, посочи дека жителите се пожалија дека овие населени места се заборавени од државата

„А, пак младите луѓе велат дека живеат во заборавени места од државата, бидејќи со месеци и години се молат да се прошири едно основно училиште во овие населени места, да се изгради некаква спортска сала или било каков објект кој што ќе им биде од корист на младите луѓе. Младите луѓе од овие населени места мораат да патуваат и за да одат во школо, и за да се рекреираат, и за да имаат било каква спортска активност“, рече Попов.

Пратеникот Бране Петрушевски од општина Ранковце изјави дека  неспособноста на власта се отсликува на локално меѓутоа и на централно ниво.

„ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните секојдневно разговара и преку својот претседател повикува на национално обединување. Стоиме на располагање за една лидерска средба на која заедно сите ќе ги дефинираме македонските национални интереси за да еднаш конечно оваа држава Република Македонија почнува да ги решава проблемите на сите граѓани и конечно Република Македонија да се исправи на вистинскиот пат кон економски раст и развој“, рече Петрушевски.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски од општина Лозово потенцираше дека власта нема слух за мнозинството граѓани кога се во прашање уставните измени.

Видовме дека вчера фамозната работна група составена само од експерти од владејачките партии донесе предлог з аиницијатива за промена на Устав. Го охрабруваме Ковачевски да не се плаши истиот тој предлог да го помине на влада и веднаш да го пушти во Собрание. Очекуваме дека во моментот кога ќе види дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени да поднесе оставка и да побараме предвремени избори, изјави Мицевски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ