Македонија
16. October 2020 - 20:17

ВМРО-ДПМНЕ на протест за злоупотреба на европски пари

Парите наместо за тренинг на магариња, дегустација на сирење и фризерници, да се пренаменат за потребите на болниците во земјава-вакав порака упати опозцијата на протестот за злоупотреба на европските пари. ВМРО-ДПМНЕ освен оставка бара и кривична одговорнот од директорката на националната агенција за образовни политики Лидија Димова. Протестот следи по низата скандали кои излегоа војавноста а се однесуваат на работењето на агенцијата. И овој пат опозицијата протестираше со автомобили. Протестот почна пред салата Борис Трајковски а заврши кај Секретаријатот за европски прашања.

 

Елена Милошевска