Македонија
14. July 2017 - 12:57

ВМРО-ДПМНЕ: МВР се уште не го расчисти вандалскиот чин во Љуботен

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира дека МВР се уште го нема расчистено вандалскиот чин со уништување на гробиштата село Љуботен.

- Граѓаните и вчера не слушнаа дали и што презело МВР во насока на откривање на сторителите на сквернавењето на 30-тина православни гробови, што предизвика гнев и тензии меѓу населението. Народот е вознемирен и чека одговор на прашањето кому му сметаат православните гробишта. Со секој ден поминат на слобода, вандалите се охрабруваат дека имаат поддршка од власта во тоа што го прават, а граѓаните стануваат се позагрижени дека нема кој да ги брани, изјави Дејан Митровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа своја постапка, како што рече, се засилува стравот дека чинот во Љуботен е осмислен акт со цел да се предизвика тензија која треба да ја дефокусира јавноста од политичките потези на власта во наредниот период, а кои, според него, се од сериозно значење за идентитетот и опстојувањето на  државата и народот.