Македонија
10. December 2018 - 11:47

ВМРО-ДПМНЕ: МТСП не се грижи за децата без родители

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не се грижи за децата без родители.

Наместо да се залага да им се обезбедат соодветни услови за живот, таа ги затвoра институциите каде тие се сместени.

Со сместувањето на децата со ваков статус во мали групни домови, Царовска не обезбедува добри и квалитетни услови за нивниот живот.

Дали со сместувањето во мали групни домови, Царовска ќе овозможи богатење на своите блиски соработници од СДСМ преку исплата на високи кирии за тие домови?

Повеќе од очигледно е која и е намерата на Царовска за деинституционализацијата на групните домови

Народот ќе ја увиди реалната слика на оваа мерка и ќе стави крај на овие црнила.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ