ВМРО-ДПМНЕ: Младите се најголемата жртва на лагите на СДСМ
Младите се најголемата жртва на лагите на СДСМ. СДСМ ветуваше брда и долини, инвестиции во образованието, подобрување на студентскиот стандард, грантови за млади и што ли уште не. Ништо од тоа не реализираа.
Младинската гаранција со која се фалеше СДСМ е најголемата лага изречена кон младите. СДСМ на младите им ветуваше вработување, пракса или дообучување во првите четири месеци по завршување на своето образование, а гледаме дека ништо од тоа не е остварено.
Во ЕУ не се оди со криминал и корупција. Сведоци сме како грантови на Фондот за иновации и технолошки развој наместо кај млади претприемачи и истражувачи завршуваат кај партиските функционери од власта.
Македонија со СДСМ го достигна дното според можноста за напредок на младите, а тоа го потврди и Европскиот младински форум. Македонија се најде на 49 место и пред нас се и земјите од регионот како Србија, Бугарија, Албанија и Црна Гора.
Откако е СДСМ на власт бројот на млади лица кои си заминуваат од државава постојано расте. СДСМ нема капацитет и план како да го подобри животот на младите и да ги задржи во државава.
СДСМ ги понижи и ги остави без перспектива младите во Република Македонија. Младите се чувствуваат измамени и злоупотребени од СДСМ. Време е СДСМ и Заев да си заминат затоа што младите луѓе во Република Македонија заслужуваат подобро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање