Македонија
11. April 2020 - 20:51

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се толку впечатливи што никој не ги приметил

Првиот пакет на мерки на СДСМ е толку впечатлив што никој не го ни примети.

Доколку имало и втор, еве јавно нека го каже СДСМ за да видиме кои се бенефитите, но бидејќи нема втор, владата нека засука ракави и овој пат нека донесе вистински пакет на мерки.

Зоран Заев е лицето на неспособност во владата. Тој наместо да им помогне на компаниите им одмогна. Па излезе неговата Mинистерка за финансии и кажа дека неговите 14.500 денари, се всушност 9.000 денари.

СДСМ буквално нема идеја и план што со себе, а на пак со државата.

Над 140.000 вработени се времено отпуштени. 50% од вработените во угостителството добиле отказ, а Заев мува не го лази.

Македонија со секој поминат ден со СДСМ само тоне. СДСМ е партија која ја враќа транзицијата и олигархијата, но овој пат тоа нема да им успее.