Македонија
8. November 2017 - 14:45

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДС парадерски, нема да го намалат загадувањето

Владата на Заев имаше ветувања дека ќе го исчисти воздухот. СДС е на власт 6 месеци и нема превземено ниту еден суштински чекор за прочистување на воздухот. Наместо почист воздух, нивото на негова загаденост урива рекорди.

Мерките од типот вертикални зелени градини, забрана за градење во зима, или забрана за движење на автомобили на средно Водно, нема да имаат никакво суштинско влијание за намалување на загадувањето на воздухот.

Нивното влијание ќе биде толку минимално што речиси нема да биде забележливо во вкупниот резултат на прочистување на  загадениот воздух.

Додека се замајува јавноста со парадерски мерки, се укина суштинска мерка како што е Денот на дрвото. Само со овие акции досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност на акцијата, што е висок процент за ваков тип садници. Повторуваме, процентот е над 50 отсто успешност, а не шпекулативниот од 0 до 15 отсто како што брифираат од владата на СДС. Тоа значи дека со акцијата досега егизстираат над 18 милиони садници. Само последните 4 години градот Скопје засади 256 илјади садници зимзелени и листопадни дрва.

Оваа акција е прекината исклучиво од тесноградост и само затоа што се сака да се прекине континуитет на позитивен проект кој започна и се одвиваше од владите на ВМРО-ДПМНЕ.