Македонија
5. April 2017 - 17:31

ВМРО-ДПМНЕ: Манифестот е документ за градење национално единство

Со одбивањето на Манифестот за Единствена Македонија, СДСМ докажува дека тие не се за обединување туку за поделби. Нема да бидат прифатени идеи и предлози кои ќе го загрозат македонскиот национален идентитет, кои ќе ја загрозат засебноста на македонската нација и македонскиот јазик, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Давајќи ја поддршката на Манифестот, СПМ цени дека е потребно тој да се надополни со историски државотворните решенија од најголемо значење за Република Македонија, што трајно обврзуваат и со кои е изразена суверената волја на македонскиот народ и националните малцинства за создавањето на македонската Држава.

Со барање за итно спроведување на попис на населението во РМ, поддршка за Манифестот дадоа и од партијата ПОДЕМ.

Од ПОДЕМ побараа во идната Влада да биде избран и Министер за прашања кои се однесуваат на македонската дијаспора.