ВМРО-ДПМНЕ: Македонското здравство меѓу најдобрите во регионот и Европа
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Јагода Шахпаска од СДСМ наведува дека во времето на СДСМ немало никакви инвестиции во здравството, додека ВМРО-ДПМНЕ има спроведено реформи со кои здравството е меѓу најдобрите во регионот и Европа.
- СДСМ сака да не потсети дека во тоа време имаше, неисправни и не соодветни апарати и несовесни политики поради што пациенти се оперираат по ходници, бебиња и мајки кои умираа од недостиг на гинеколози, немаше завои за рани по болниците, луѓето се лечеа во руинирани здравствени установи, пишува ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со обвинувањата дека во неисправно возило на Итната медицинска помош е пренесено бебе од Охрид до Скопје, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека секое возило е опремено со централен систем за кислород и дополнителен приклучок за кислород, како и приклучок за напојување на кои може да се поврзат сите медицински апарати, додавајќи дека посебен приклучок за инкубатори не постои.
- Кога СДСМ раководеше со здравството доеничката смртност беше за 40 проценти поголема од денес, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека според европскиот здравствен потрошувачки индекс, македонското здравство е подобро рангирано од поголем број развиени европски земји и земји од регионот меѓу кои Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Ново на Сител
-
Филипче: Зголемен е бројот на хоспитализации, болничките капацитети не се загрозени
-
Приведени две лица од Скопје поради тоа што поседувале марихуана
-
Две лица се повредени откако со возилото излетале од коловозот
-
СДСМ: Скандалозно е да блокираш одржување попис по 19 години
-
Топло до сабота, од недела позначителен пад на температурите
-
Холовеј урна светски рекорд стар 27 години
-
Маричиќ: Извештајот на Стратегијата за реформи во правосудтсвото укажува дека имаме солидни резултати
-
ЛШ: Победи за Сити и Реал