ВМРО-ДПМНЕ: Македонските граѓани со живот ја плаќаат неспособноста на власта на СДСМ
Драстично се зголемува бројот на починати и заболени. 10-тици животи се загубени поради несериозниост однос на власта кон здравјето на граѓаните. Она што најмногу загрижува е што голем дел од пациентите кај кои настанала смрт воопшто и немаат добиено здравствена нега од здравствените институции и починале на патот кон болницата.
Очигледно постои проблем со алгоритмот на Филипче и проценките за ширење на заразата која коси низ државата преку локална трансимисија. Во Македонија бројот на заболени од опасниот коронавирус е повисок споредбено со нашите соседи. На милион жители Македонија има повеќе заболени од Грција, Албанија и Бугарија. Загрижува и високата стапка на смртност. На милион жители Македонија е полоша и од Бугарија, Србија, Албанија и останатите, со најголем број на смртни случаи од коронавирусот.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира дека е потребно масовно тестирање со цел спречување на натамошната трансмисија на заразата, особено во епицентрите каде е најголем бројот на заболени како Скопје, Прилеп и Куманово. Срамно е граѓаните со денови да чекаат тестирање или резултати додека нивната здравствена состојба се влошува и нивниот живот е во ризик.
За жал во Македонија во моментов имаме 117 заболени медицински лица или 20 проценти од вкупниот број заразени. Да не заборавиме дека медицинскиот персонал е во првите борбени редови со светската пандемија. За жал кај нас
медицинските лица голораки се борат со вирусот.
Здравствените работници ја немаат потребната опрема па така неретко бараат донации на социјалните мрежи и помош од поединци за да се заштитат од епидемијата. Владата мора да му овозможи на медицинскиот персонал соодветна заштита, а подобра и посоодветна грижа за граѓаните.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација