Македонија
13. August 2019 - 9:37

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската јавност е сведок на најголемиот скандал со рекетирање бизнисмени

Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија е загубена држава.
 
Зоран Заев ја претвори државата во дувло на криминал, корупција, рекет, поткуп, закани, уцени и пресметки со политички неистомисленици.
 
Скоро еден месец македонската јавност е сведок на најголемиот скандал со рекетирање на бизнисмени, а Заев не презема никаква одговорност, туку го штити криминалот.
 
Четири недели нема проширување на истрагата, иако цела јавност слушна дека Заев бил информиран што прават Боки Тредичи, Зоки Милевски и Катица Јанева.
 
Никој не верува во приказната дека Боки Тредичи е толку моќен за да може да тропне на било која врата и да бара рекет од милиони евра, а претходно да не добие одобрение и поддршка од Зоран Заев.
 
Јавно прашуваме до кога криминалната власт во коалиција со Русковска обвинителството ќе се обидуваат да ја замајуваат јавноста и да го прикриваат целиот случај?
 
Дали Русковска мисли дека со одолговлекување ќе успее да ги амнестира од одговорност за сторениот криминал, а со тоа ќе го спаси и Зоран Заев?
 
Дали се точни информациите од страна на медиумите дека на Зоран Милевски Кичеец кој е осомничен за рекетирање му е доделен статус на заштитен сведок од страна на СЈО?
 
СДСМ и Заев ја ставија државата во служба на мафијата. Целата домашна и меѓународна јавност повикува на одговорност и прави притисок за целосно расчистување на случајот Рекет.
 
Јавното обвинителство мора да работи во служба на законите и Уставот а не во служба на криминалот на аболицираниот Заев и неговата влада.
 
Јавното обвинителство мора да се ослободи од канџите на криминалната влада на СДСМ и веднаш да донесе одлука за припишување на истрагата и притвори бидејќи постои опасност од уништување на доказите, влијание врз сведоци или бегство.
 
ВМРО-ДПМНЕ бара Јавно обвинителство кое ќе биде непристрасно, професионално, независно и отпорно на политичките влијанија и уцени од страна на СДСМ и Заоран Заев.
 
Ова мора да престане. Потребна е обнова на Македонија а тоа е можно само доколку Зоран Заев и СДСМ заминат час поскоро.
 
Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите.
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ