ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија тоне, а граѓаните осиромашуваат поради црните економски политики
Добро е што СДСМ продолжува со реализација на проектите на ВМРО-ДПМНЕ, но лошо е што доцни цели пет години и што ги лаже граѓаните дека нешто самите смислиле.
Лагите и манипулациите нема да и помогнат на власта да ја скрие својата очигледна неспособност за подобрување на економската состојба во државата и животниот стандард на граѓаните.
Имено денеска лично Заев се пофали со доделувањето на наводно првиот сертификат за овластен економски оператор. Ова е уште една класична манипулација со оглед на фактот што претходната влада уште во 2013 година го додели првиот сертификат, односно уверение за овластен економски оператор на компанијата Џонсон Контролс Македонија Дооел.
Имено ваквиот статус за овластен економски оператор дава низа на поволности, а пред се поедноставен пристап кон царинските поедноставувања, помал број на документарни и царински контроли итн.
За жал ова е само уште една од низата лаги кон граѓаните изречени од Зоран Заев. Модернизација на царинското и надворешно-трговското работење не значи промовирање на проекти на ВМРО-ДПМНЕ стари речиси шест години.
Розевите очила и лагите и манипулациите со јавноста нема да го подобрат животот на граѓаните, нема да го кренат животниот стандард и да ја подобрат економската состојба во државата. Црнилата олицетворени во аболицираниот Зоран Заев веќе имаат негативен импакт врз македонската економија. Македонија само годинава имаше пад од 5 места според листата на престижниот магазин „Форбс“ за услови за водење бизнис. Македонската економија тоне, а граѓаните осиромашуваат благодарение на црните економски политики, зголемените давачки кон државата, катастрофалната реализација на проекти и капитални инвестиции.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин