ВМРО-ДПМНЕ: Македонија три години тоне во смог, а власта не мрда со прст
Граѓаните се гушат и се молат да заврне дожд за да се намалат канцерогените честички во воздухот. Инспекторатот не постои, а дури и да се изврши некаде контрола, резултатите се кријат и нема санкции за бизнисмените блиски до Заев.
СДСМ откако е на власт граѓаните заборавија како изгледа да се дише чист воздух.
Македонија три години тоне во смог, а власта предводена од Заев не мрда со прст.
Ветуваа алпски воздух пред да дојдат на власт. Кога дојдоа на власт Македонија се претвори во огромен логор.
Скопје се гуши, а ситуацијата и по другите градови не е нешто подобра. Граѓаните од Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Кичево, Кавадарци го имаат истиот проблем.
Загаденоста на воздухот го достигнува алармантното ниво, а Заев и неговата неспособна влада велат се е во главите на граѓаните.
На ова негрижа доаѓа крај. На 12-ти април граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите лаги, криминали. По 12-ти април доаѓа обнова на Република Македонија заедно со идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар