Македонија
2. March 2018 - 9:07

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во корупција, со владата на СДСМ се закопа на дното во Европа

Економската состојба е катастрофална. Државата енормно се задолжува, а пари за повисоки плати и пензии нема.

Македонија тоне во корупција и благодарение на владата на СДСМ се закопа на дното во Европа.

Реформи нема, а членови на партиските комисии на СДСМ се ставаат по партиски клуч во Советот на обвинители.

Затоа и обвинителството ја прифаќа улогата на соучесник во монтирањето политички процеси и фабрикување измислени обвиненија за дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми.

Затоа невини луѓе со месеци се држат во притвор, а врвот на апсурдот е што Македонија е држава со најголем број терористи во светот по глава на жител.

Правдата ќе биде задоволена само кога сите притворени за 27-ми април ќе бидат ослободени и ќе им се отфрлат фабрикуваните и неосновани обвиненија.

Дурловски, Илиевски, Јованоски, Дамовски, Чавков, Божиновска, Мукоски, Тарчуловски, Николовски, Пешевска не се терористи. Тие се патриоти кои поради својата љубов кон Македонија станаа мета на актуелната власт. Пртиворите не смеат да се користат за политички цели, Судовите не смее да си поигруваат со законите. Институциите не смеат да се стават во функција само на една политичка партија. Тие мора да бидат секогаш во служба на граѓаните.

Демократијата е основа на Европската Унија и НАТО, институции кон кои Македонија со години се стреми да се зачлени. Со газењето на основните постулати на овие институции, СДСМ само не оддалечува од нашите стратешки интереси.

Со вакви конструирани и монструозни обвиненија се прави обид да се заплашат сите оние кои ќе се осмелат да го кренат гласот против оваа неспособна власт. Законите мора да важат подеднакво за сите. Сведоци сме на политички

прогон против сите оние кои не размислуваат исто како СДСМ. Тортурата, насилството, стравот газењето на демократијата и човековите права мора да запре!